
Судија на претходна постапка му определи 30-дневен притвор по сослушувањетона пораншениот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и у на уште седум лица други осомничени мегу кои и Димитар Димовски, вработен во министерството за транспорт и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на партијата во Аеродром. За две осомничени Кривичниот суд определил мерки на претпазливост .
Новотворената истрага на обвинителството за организиран криминал се води за наводни злоупотреби со отуѓување на градежно земјиште во сопственост на државата.
Според истрагата, десет лица се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување и еден за несовесно работење во службата направиле штета на Буџетот од 2,6 милиони евра.
„Постапувајќи по предлогот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Обвинителството и им определи мерка притвор на лицата: М. Ј., А. Ј., Е. Р., М. Ј., Д. Д., В. С., Д. М., и Л. С. На лицата Б.Д. и С.К. им определи мерки на претпазливост. За М.Ј. и Е.Р. се исполнети условите од точка 1 и 2 опасност од влијание, а за останатите осомничени, сите 3 точки“, информираат од судот.