Македонски автобус се запали во близина на Петровац во Црна Гора

Македонски автобус на компанијата „Хафет Турс“ се запали во близината на црногороското летувалиште Петровац, јави Ohridnews. Автобусот се обраќал на релација Скопје – Сплит, кога во 3 часот утрово се запалил во возење.

Сите патници навреме го напуштиле автобусот, а биле спасени и речиси сите торби, соопштил еден од патниците. Набрзо стигнала и противпожарна екипа, и пожарот бил локализиран.

Патниците со друг автобус го продолжиле патувањето кон Сплит.