Путин пристигна во поплавените подрачја во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во градот Братск, во Иркутскaта област, каде поради поплави е прогласена вонредна состојба.

Пет лица досега го загубија животот, неколку се водат за исчезнати, над 350 се повредени, а од ниви стотина се сместени во околните болници.

Се смета дека околу девет илјади лица се погодени во поплавите предизвикани од силните дождови и излевањето на езерото Бајкал.

Илјадници куќи се под вода , а педесетина села се целосно отсечени со уништени насади . Однесени се и мостовите и патишатата во целиот регион околу Бајкалското езеро.

Локалните претставници го брифираа рускиот претседател за ситуацијата и преземените мерки за отстранување на последиците од поплавите на состанок одржан на аеродромот.

Путин истакна дека луѓето погодени од поплавите мора во секој момент да бидат добро информирани за акциите кои се преземаат, каде се лоцирани привремените засолништата, каде може да добијат вода, храна и други неопходни продукти.