
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, ги потсети ВМРО-ДПМНЕ дека во вторник ќе одржи прес конференција во врска со аудио снимката која ја објавија некои портали. Одговорот на Рашковски следи откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Рашковски во снимката договара аванта од 7 милиони евра.
Тој денеска се огласи на Фејсбук и најави прес-конференција во вторник на која ќе одговори на сите прашања.
– ВМРО ДПМНЕ најверојатно не може да сфати дека не се тие кои ја определуваат динамиката на нашето дејствување. Кога веќе покажаа дека не разбираат англиски и не знаат што значи Letter of award, нека читаат дека уште завчера на македонски јазик е напишано дека во вторник ќе има прес конференција на оваа тема, напиша Рашковски