
„Ќе даде ли конечно одговор генералниот секретар на владата на Република Македонија во врска со еден од најголемите корупциски скандали на оваа власт?, ова денеска преку прес-конференција го прашува Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Имаме 10 прашања коишто треба да ги одговори Драги Рашковски.
-Зошто манипулирате дека се работи за веќе договорен тендер, кога договорот е склучен на 14.12.2018 година, два дена по состанокот кај вас во Влада?
-Доколку како што велите, од менаџментот знаеле дека со италијанската компанија имале негативни искуства, зошто не го поништиле тендерот?
– Дали гласот кој се слуша на снимката е ваш и дали се слушате како на претсавниците на италијанската компанија им велите дека тие се добитници, но дека имало проблем со процедурата?
– Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација?
– Го повлековте ли господине Рашковски заклучокот на владата за кој претседтелот на М-НАВ ви укажува дека е спорен?
– Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требаше да се смени за да можете да го доделите тендерот на фирмата која посакувате?
– Зошто го криете од компаниите учеснички на тендерот наодот на Бирото за судски вештачења?
– Како според вас Италија, Шпанија, Франција и Малта се „ебиветар“ држави и како се среќавате и ги гледате во очи амбасадорите на овие држави и впрочем што мислите за вашите помали коалициони партнери од ромска националност?
-Дали и во другите делови од набавката инсистирате италијанската компанија да добие на непосредна спогодба, иако ви укажуваат дека не се работи за компанија којашто е директен производител?
– Кои се европски држави кои се наоѓаат под екваторот?, прашува Василевска.
Таа додава дека Македонија е заробена држава, а луѓето како мојот колега Рашковски за кои постојат сериозни сомневања за сторен криминал се нејзиниот канцер.