Летово од Охрид ќе се лета до Штутгард и до Дизелдорф

Охрид од ова лето отвора две нови сезонски дестинации, Штутгард и Дизелдорф. На аеродромот Свети Апостол Павле денеска пристигна првиот лет од Штутгард кој ќе лета два пати неделно секој понеделник и петок се до 9 септември а од 17 јули стартува и новата линија до Дизледорф која ќе функционира секоја среда до крајот на август се со цел зголемување на бројот на германските турсити на брегот на Охрдското езеро.

Во првите 5 месеци од 2019 година на аеродромт во Охрид регистрирани се околу 70 илјади патници што претствува повеќе од 80 проценти зголемување во однос на истиот период од лани.

Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле во моментов опслужува 20 дестинации од кои 8 се редовни нискобуџетни авиолинии преку целата година а останатите 12 се сезонски од април до октомври.