
Стартува новата апликација преку која граѓаните ќе може да прават поврат на ДДВ.
Она што треба да го прават граѓаните е да ги собираат фискалните сметки од производите кои ги купиле и услугите кои ги добиле, а за кои платиле најмногу 30.000 денари.
Сепак, за корисниците на Ајфон телефони, оваа апликација не е достапна.
Во Apple store апликацијата „Мој ДДВ“ воопшто не постои, алудираат од утринава граѓанитеи покрај најавите дека апликацијата ќе биде достапна и за Google play store
и Apple store.
Имено, за денеска е закажана прес конференција на која од УЈП ќе ги презентираат техничките можности преку коишто граѓаните ќе може да го користат правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.
Неофицијално, во Македонија има околу 300.000 корисници на Ајфон телефони.