
Синоќа во 22,50 часот било пријавено дека на раскрсницата со локалниот пат Богданци-Стојаково, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од с.Стојаково, и товарно моторно возило „мерцедес актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(42) од Валандово.
Во незгодата на местото на настанот починал Ѓ.В. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.