
Страшна железничка несреќа се случила ноќеска кај Куманово.
Вагони на товарен воз на МЖ Транспорт, што сообраќале од Куманово кон Скопје, се излизгале ноќеска околу 2 часот по полноќ во близина на кумановската железничка станица, поради што во прекин е железничкиот сообраќај.
Во несреќата, за среќа, нема повредени лица, а според првичните информации причинета е голема материјална штета.
Во тек е истрага за причините на несреќата, а се очекуваат и повеќе детали како и соопштение од МЖ Транспорт.