Ѓорчев: Македонија изчезнува и се иселува

„Соопштивме податок дека падот на родените бебиња во минатата 2018-та година, со оваа влада на Зоран Заев, во однос на 2016-та година – последната година од владата на ВМРО-ДПМНЕ е фрапантни 7.3 проценти. Значи ова е само вовед, а бројките кои што ќе ги кажам се уште полоши, уште позагрижувачки и уште поразителни. Значи она што уште еднаш ќе речам пред малку и вчера го кажавме, тоа е дека 2018-та година беше убедливо најлоша демографска година, најлоша година за наталитетот и родените бебиња во историјата на Македонија, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, на денешната прес конференција.

Тој додаде дека во првиот квартал од оваа 2019-та година имаме шокантен и катастрофален пад на родени бебиња во Македонија, од 13 проценти. Имаме рецесија на наталитетот од 13 проценти во првиот квартал споредено со историски најлошата 2018-та година поради политиките на Зоран Заев и неговите 28 министри.
Уште еднаш тоа значи дека Македонија умира и Македонија се иселува. Си заминуваат луѓето од Скопје, од Полог, од источна Македонија, од Пелагонија, Битолско, Прилепско, Охридско, си заминуваат луѓето од Кумановско и Липковско, си заминуваат сите, а најмногу си заминуваат младите“, рече Ѓорчев.