
Четири лица се повредени во 8 сообраќајки во Скопје, 50-тина возачи добиле казни за брзо возење, а 18 останале без возачка дозвола во изминатото деноноќие.
Според билтенот на СВР Скопје, побрзо од дозволената брзина возеле 51 возач, а под дејство на алкохол биле двајца возачи. Исклучени од сообраќај се и 18 возачи кои немале возачка дозвола, еден возач почетник, како и 18 нерегистрирани возила.
Сообраќајната полиција издала 54 казни, а поради непрописно паркирање подигнати се 68 возила со специјалното возило „пајак“.
Дневниот билтен на скопската полиција покажува дека се евидентирани и 10 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и двајца возачи кои не носеле сигурносен појас.