Вашингтон со тенкови се подготвува за Денот на независноста

Тенкови на улиците и авиони во воздухот над Вашингтон, и говор на Доналд Трамп со традиционалниот огномет, американската престолнина се подготвува во четврток да го прослави Денот на независноста 4-ти јули, на многу поразличен начин од досегашните, со претседателот во центарот на прославата која вообичаено беше аполитична.

„Ќе биде ова претстава на животот“, напиша на Twitter Треамп, додека Белата куќа ветува „најголема прослава на 4-ти јули во историјата“ на главнот град.

Но најавите за грандиозната прослава предизвикаа и незадоволство кај опозициските демократи, кои ги критикуваат претеседателот да не се осмелува прославата на Денот на независноста да ја претвори во предизборен собир. Го критикуваат и поради можните големи трошоци за прославата.

„Одбележувањето на Денот на независноста вообичаено е ден на политичко примирје кога Американците веат знамиња но не влегуваат во политички дискусии“, вели експертот за медиуми Ричард Хенли.

Вообичаено ширум САД атмосферата е весела, со паради, фанфари, скари и големи огномети. Годинава претседателот Трамп, пак, се реши во прославата да ги вклучи и тенковите и авионите, како демонстрација на американската надмоќ, но ја намали важноста на трошоците кои од тоа може да произлезат како што го критикуваат демократите.

„Трошоците за утрешната свеченост ќе бидат многу мали во однос на нејзината вредност. Имаме авиони, имаме пилоти, аеродромот (Ендрујс), а ни недостига само гориво“, напиша во средата Трамп.

Претседателот Доналд Трамп во 18,30 часот, во 22,30 часот по средноевропско време, ќе го одржи говорот „Поздрав на Америка“ пред Меморијалот Линколн, каде што Мартин Лутер Кинг во 1963 година го изговори својот историски говор „Имам сон“ (I Have a Dream).

Илјадници луѓе се очекуваат на шеталиштето Нешнел Мол, јужно од Белата куќа, на кое се наредени споменици и зелени површини. Авионот „Air Force One, Boeing 747“, модификуван за американските претседатели, ќе го надлета Вашингтон, како и неколку борбени авиони „F-35“, од последното поколение вакви летала. Групата „Сини ангели“ ќе прикажат акробатското летање. На крајот над престолнината ќе прелета и најновиот примерот на претседателскиот хеликоптер „Marine One“.

Американската војска ги предупреди жителите на Вашингтон да не се вознемируваат, доколку на улиците здогледаат тенкови. Најмалку два „ Bradley“ и дава тенка „M1A1 Abrams“ ќе бидат преместени во центарот на американската престолнина.