Апликацијата Мој ДДВ ја искористиле околу 60.000 граѓани

За неполни пет денови близу 60 илјади граѓани ја симнале апликацијата МОЈ ДДВ. Скенирани се над 430 илјади фискални сметки за остварен промет од 4 милиони евра. На оваа сума пресметан е поврат на ДДВ од околу 120 илјади евра, пари кои на сметките на граѓаните ќе легнат во декември.

Очекувањата се апликацијата да ја искористат околу половина милион граѓани. Системот е подготвен да ги регистира сите, велат од УЈП.

Како што пренесува Сител, еден од проблемите со кои се соочуваат граѓаните при користење на аплиакцијата е што бар-кодовоите од некои фискални сметки не можат да ги скенираат, а причината за тоа е, според УЈП, амортизираната опрема во некои маркети. Порачуваат сите кои имаат проблем да дојдат во канцелариите на Управата и да побараат помош од службените лица.

Постои и можност бар- кодовите да се внесат рачно за што корисникот треба да се упати во некоја од канцелариите на УЈП.

Од УЈП точно не прецизираа кога и корисниците на Ајфон ќе можат да ја симнат апликацијата,. Објаснија дека уште на 25 мај го исконтактирале претставништвото на Епл за добивање на одобрение апликацијата да биде ставена на нивниот сајт. Но поради рестриктивните и строги правила на Епл постапката се одолговлекува.

Уште еднаш апелираа дека аплиакцијата е безбедна. Посочија дека ако едно физичко лице се обиде да скенира сметка која е на име на фирма, ќе се соочи со парична казна од 250 евра.

Аплиакцијата МОј ДДВ е достапна од 1 јули. Дел од даночните експерти излегоа со став дека од мерката поврат на ДДВ најголема корист ќе имаат лицата со поголеми приходи.