
Откако се повлече од министерството за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку во текот на вчерашниот ден беше поставен како вицепремиер на Македонија.
Од Владата посочија дека неговото искуство ќе биде добредојдено за Македонија.
„Ние се надеваме дека Садула Дураку ќе донесе многу со неговото искуство. Што се однесува до неговите примања, тие ќе бидат исти како и на неговите претходници“, истакна портпаролот на владата, Мухамед Хоџа.
Граѓаните пак, со реакции за владиниот избор.
Поранешниот прв човек на соросовата фондација во земјава, Владимир Милчин, отворен поддржувач на политиките на Зоран Заев и СДСМ, некогаш и предводник на Шарената револуција, се огласи по поставувањето на Садула Дураку за вицепремиер.
-Дупло дно, напиша Милчин на Фејсбук.
Со реакција и негодување за вицепремиерската функција да му се додели на Дураку, на Фејсбук се јавија и Нора Шаќири, Сашо Тасевски…