
По три дена од железничката несреќа, вагоните конечно ќе се отстрануваат од пругата кај кумановско Черкези.
-Во текот на денешниот ден ќе бидат расчистени и подигнати исклизнатите товарни вагони на делот од пругата помеѓу станица Куманово и Романовце, со што ќе се овозможи на ЈП МЖ Инфраструктура да пристапи кон обновување на пругата, информираат од МЖ Транспорт АД-Скопје.
Вагони од товарен воз се излизгаа од пругата кај кумановско Черкези на 2-ри јули. Немаше повредени, но беше причинета голема материјална штета. Поради тоа железничкиот сообраќај неколку дена е во прекин.