ОВЕН
Работа: Не сте задоволни со ситуацијата која ја имате на ова поле. Подготвени сте да ја вложите својата енергија за да ги остварите плановите.
Љубов: Ги преиспитувате своите чувства кон партнерот, и сфаќате дека дошло до промена.
Здравје: Проблеми со очите.
БИК
Работа: Подготвени сте во следниот период да го дадете својот максимум на работното поле и да докажете дека сте подготвени за напредување.
Љубов: Можно е засега да имате комуникација со симпатијата, но и натаму нема промени.
Здравје: Проблеми со нервозата.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Секогаш може да се потпрете на соработниците кои исрекно и пријателски се на ваша страна. Пред вас е поволен период.
Љубов: Многу сте шармантни и не ви е проблем отворено да ги покажете своите чувства.
Здравје: Нервниот систем ви е чувствителен.
РАК
Работа: Очекувајте позитивни решенија на работните проблеми од претходниот период.
Љубов: Сакате да уживате со личноста која ви значи. Не ве интересира тоа што се наоѓате под тешки околности.
Здравје: Проблеми со кичмата.
ЛАВ
Работа: Генерално сте задоволни од ситуацијата на полето работа. Може да очекувате добра фаза на заработка.
Љубов: Посветени сте на својот партнер и вашиот однос е добар. Ако сте слободни, добар е периодот за почеток на врска.
Здравје: Проблеми со коските.
ДЕВИЦА
Работа: Очекувајте некои работни проблеми денеска. Не ви е поволен денот за било какви ризици.
Љубов: Сакате да и покажете на саканата личност колку ви значи да бидете со неа.
Здравје: Пад на имунитетот.
ВАГА
Работа: Не сте претерано загрижени за работата, имате впечаток дека сите ситуации ќе ги решите лесно. Поволен е периодот.
Љубов: Може да очекувате нова средба со личноста кон која имате чувства.
Здравје: Полни сте со позитивна енергија.
ШКОРПИЈА
Работа: Ве очекува период во кој ќе имате некои мали компликации на ова поле.
Љубов: Може да имате интересна средба со личност која ќе ви покаже дека е подготвена да направи се’, за да биде со вас.
Здравје: Болки во стомакот.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Доаѓате до нови информации на полето работа. Ќе успеете да остварите и некоја нова соработка.
Љубов: Ви се допаѓа личност која не покажала дека сака да биде со вас. Можно е да постои и мешање на пријател.
Здравје: Настинка.
ЈАРЕЦ
Работа: Олеснување на полето финансии е пред вас. Сметајте на позитивни случувања и на добри пресврти на ова поле.
Љубов: Приоритет ви е со саканата личност да ги решите спорните ситуации од минатото.
Здравје: Поработете на своите навики.
ВОДОЛИЈА
Работа: Денот не е поволен за почеток на нов проект или за промени. Потрудете се да не правите ризични потези денеска.
Љубов: Ќе имате многу интересно познанство со личност чие внимание би можело да ви значи.
Здравје: Мал пад на енергијата.
РИБИ
Работа: Немојте да ги покажувате на сите вашите работни планови. Потрудете се некој дел од приказната да оставите само за себе.
Љубов: Паралелна љубовна врска не е нешто што ве привлекува. Имате прилика за тоа, ама не сте расположени.
Здравје: Проблеми со несоница.