Путин и Ердоган се договорија да ги решаваат кризите во Сирија и Либија

По иницијатива на Турција денеска имало телефонски разговор меѓу лидерите Владимир Путин и Тајип Реџеп Ердоган објави прес-службата на Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја истакнале важноста и интензивирањето на напорите за решавање на ситуацијата во Сирија, притоа вклучувајќи и решенија во рамките на Астанскиот формат.

Покрај другото, разговорале и за билатералните односи, регионалните проблеми и поновиот развој во Либија.

За време на разговорите претседателите изразиле загриженост во врска со влошувањето на ситуацијата во Либија и утврдиле дека има потреба од итно прекинување на огнот и обновување на преговарачкиот процес.

Претседателите на Путин и Ердоган се договориле да ги продолжат контактите на различни нивоа.

Турскиот претседател Ердоган му изразил сочувство на Путин за смртоносниот пожар во руската подморница во кој неделава загинаа 14 морнари.