Сакам да верувам, дека вистината е таму некаде

Досиејата ИКС беше и остана една од оние култни серии, кои ја заголицаа фантазијата и останаа никогаш недоречени. Главниопт мотив и двигател беше што сѐ остануваше неразјаснето и недообјаснето, и така одново и наново. Нејсе.

Геро не e архетип на „лајкабл” лик кој освоил симаптии кај било кого, но зависно од публикумот кој наслутувале за кого е добро што пишува, така се менувала навивачката структура, па сепак сега е единствената новинарска надеж да направи огромен пресврет кај големата мајка-цицка на која се дојат мастадонтите на нашето шарено партиско новинарство. Чуј, дојат!?…Ма локаат како камили сред оаза.

Шарената лептирица веќе се изјасни дека е газда на медиумот за кој се препозна дека Геро говори. Ах, тоа глумење ми беше во стилот – па јас не реков дека ти не си глуп!  И слични легитимни асоцијации, но сериозноста на состојбата на терен и тоа како говори дека црвената линија не само што е премината, туку принцезата и оние бесни кловнови околу него кои му се припротресуваат заради реално наслиничката, ем политичка, ем матерјална моќ.
Ах, некој починати композитори би се срамеле да го видат дното на своите деца каде што завршиле, најверојатно како еквивалент на талентот кој не го поседуваат.

Но, да се вратиме на Џеронимо. Сакам да поверувам дека неговата точка на топење и бабулето многу повеќе му држат одошто тоа што Мирка со децении се напна да ни го објасни и образложи, каков он бил. Но како и секој човек јас верувам дека се случува во даден миг кога од оние кои најмалку очекуваш можат да сторат најмногу. Се думам, дали да му дадам отворена поддршка, или да волонтирам кај него. Дали ќе му направам лошо или добро затоа што на јајца газам за ова да се реши. Да увидат странците колку е лоша состојбата со криминал и рекет во медиумите кај нас. Не за друго, идеолошки јас и тој сме спротивни, но, едниствен ми е кој направил некаков  исчекор.

Да, драги мои. Имам спознор, кој ми понуди сума на рака, како поддршка, само да не му објавам реклама, банер или што било и јавно да го огласувам. Свесен за мојата популарност, но умрен е од страв заради можните консеквенци. Какви? Па, одма, вели ми доаѓаат двајца батки.. „Аха, си дал кај свињата дебела, сега кај нас”. И фактурата е 1000 пати повеќе. А јас нудам смешни суми за маркетинг, 100 евра месечно, да речеме. Ако одбиеш доаѓа Квин Елизабет перосонали и ако и тогаш одбиеш, hell brak lose. Јавачите на апокалипсата се тогаш. Така велат… „Јер ја само причам онако како чујем” – Балашевиќ.

Денес спонзорство се добива исклучиво и само преку партиска дозвола, а на ТВ никако, затоа што ако се појави било каква, прво доаѓаат и служби и официјални и неофицијални. Затоа и медиумите се фатени за мадиња, затоа никој не мери рејтинзи, затоа е ова само партиска калакурница. Затоа сакам Геро да го истера ова до крај.
А како што гледам, неговите колеги, слободарски новинари, уплашени револуционери кои ларингитис фаќаа, полипи им изникнаа од уралање првда и мир, ќутат и ги нема, како да се на постоперативно од вадење трет крајник кој им настрда во фелцијата и жешките чорбички за 50-че.

Сакам да верувам дека Македонија е под засилен мониторинг од надвор за дојавите за корупција, сакам да верувам дека интервјуто на Героски за Воис Оф Америка е порака дека Геро има поддршка ова да го истера до крај и порка дека не смее да биде елиминаран, физички, политички или како било дикредитиран, бидејќи сумите за кои станува збор овде се страотни,  дури и за прилики во поразвиени земји.

За жал, оние кои најмногу платија рекет, најмногу молчат. Не можам да ги обвинувам, некои и лежеа притвор, некои беа со закани со нелегални снимки и можам само да замислам под какви притисоци се.

Ако ова се истера докрај, без замачкување и заташкување, може да биде ренесанса во медиумите и да се вратиме на рејтинг, популарност и да се позиционираме кој каде му е местото.

I want to believe. The truth is out there – X files

 

Автор: Јанко Илковски за НетПрес