Зголемени трошоци за живот

Индексот на трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со јуни 2018 година, бележи пораст од 0.3 %, а индексот на цените на мало е на исто ниво како и минатиот месец, објави Државниот завод за статистика. Индексот на трошоците на животот во јуни 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 98.9, а индексот на цените на мало 99.3.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 20.3 %, трбушките за 0.5 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3 %, рибата и морските плодови, сирењето и урдата, другите млечни производи за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3.5 %, течните горива за домаќинствата за 2.4 %, средствата за чистење и одржување на станот за 1.7 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1.5 %, гасот за домаќинствата за 1.4 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.0 %, теписите и другите покривки за под за 0.9 %, информатичката опрема за 0.8 %…

Пораст на индексот на трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3.9 %, другите пекарски производи за 0.7 %, лебот и житата, месото, сушеното, соленото и чаденото месо, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, млекото, јогуртот, јајцата за 0.3 %, маслото и маснотиите, алкохолните пијалаци за 0.2 %.

Во јуни годинава, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан исто така и кај туристичките пакет-аранжмани за 3.8 %, авионскиот превоз на патници за 3.1 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.5 %.