
Австралија планира да одржи референдум за признавање на домародното население во Уставот во рок од три години, соопшти во средата владата во Канбера за темата којашто со децении наназад предизвикува жестоки расправи во тамошната јавност.
Австралија се обидува да се помири со потомците на своите први доселениците, кои ја населиле Австралија околу 50.000 година пред Британците, но не се признати во австралискиот устав. Имајќи предвид, дека расте поддршката за признавањето на Абориџините како автохтон народ, министерот за австралиските домародци, Кен Вајат.
„Ќе развиеме и ќе понудиме консензуална опција за уставно признавање којашто ќе биде понудена на референдумот во актуелниот мандат“, рече Вајат во говорот во Канбера.
Кен Вајат, член на владејачката коалиија на конзерватиците, беше првиот пратеник Абориџин во парламентата, а во 2017 година стана и првиот министер Абориџин во Австралија, а функцијата ја задржа и по изборите во 2019 година, на коишто победи неговата Либерална партија.
За да се спроведе референдумот во текот на зададениот термин, Вајат мора да постигне договор со водачите на Абориџините кои бараа повеќе влијание во управување со земјата. Лидерите на Абориџините во 2017 година предложија формирање советодавно тело составено од избрани Абориџини, што би било внесено во Уставот. Владата го одби предлогот, инсистирајќи дека со тоа, всушбност, би бил создаден трет дом во австралискиот парламент.
Сега австралиската влада е под постојано растечкиот притисок повторно да го разгледа прешањето за правата на домародното население. Дури и неколку корпорациски гиганти инсистират дека признавањето е единствениот начин за премостување на подделбите во австралиското општество и меѓу австралиската популација.
Од вкупно 23 милиони жители на Австралија, 700 илјади се Абориџини, а според речиси сите социоекономски показатели нивната положба во општеството од остатокот на австралиската популација. Така, кај Абориџините е забележана натпропорционална стапка на самоубиства, алкохолизам и семејно насилство. До средината на 1960-те години тие немаа право на глас, а во споредба со друг Австралијци имаат 10 години покус животен век, и сочинуваат 27 отсто од сите затвореници во земјата.