
Со последниот меѓународен скандал Зоран Заев ја засрами Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Одговорност за несериозното однесување на Заев мора да има. После таков скандал единственото извинување треба да биде оставка веднаш и распишување на предвремени парламентарни избори. Република Македонија предводена од Зоран Заев и СДСМ не е ниту демократска ниту европска држава, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На Македонија и треба влада која што на брза трака ќе ја стави државата и први ќе го завршат маратонот наречен полноправно членство на Република Македонија во рамките на Европската Унија, додаваат од партијата.