
„Бев замолена да ја објавам вистината, која стигна до мене од осуденици сведоци на настанот. Пораката ја објавувам како што ја добив“, објави на својот фејсбук профил, граѓанската активистка Мери Николовска Буџаку.
Пораката гласи :
„Не залудно не прогласија за број еден држава во светот по смртност во затворите. Вчера почина од рак на бели дробови во тешка агонија затвореникот Горан Андреески со рег. зат. бр. 1351 сместен во амбулантско одделение во затворот Идризово.
Редовно го носеа на доктор и на специјалистt, но Јовица Стојановиќ му ги одби сите 4 барања за прекин на 20 годишната казна која терба да ја лежи.
Горан веќе беше мртов и целиот во измет затоа што во последната недела одбиваше да оди во болница, поради арогантниот однос на Управата за санкции. А пред 8 денови болницата не го прифати, бидејќи беше пред умирање. Ова е систематско убивање и покрај казната од судот. Вчера во исто време се запали 2 крило од незадоволни затвореници. Мораше пожарна да дојде за да се изгасне огнот. Во абмулантата др.Јулијана Ангелова ги брка затворениците не ги прима на прегледи, а ги навредува и надзорниците“, пренесува Николовска Буџаку на својот профил.