Уапсен пејачот Ар Кели

Американскиот пејач Ар Кели е уапсен откако против него е поднесена кривична пријава за 13 дела, од кои најголемиот дел се од сексуална природа.

Неколку точки се однесуваат на детска порнографија и поттикнување на малолетници на сексуални односи. Неговиот адвокат го потврдил апсењето на 52-годишниот пејач.

Ова е негово второ апсење за слични дела.

Истовремено, тој е и еден од најпродаваните музичари во светот и неколкукратен добитник на музички награди. Но, неговото однесување секогаш било проблематично и неколкупати бил тужен и апсен за сексуални злодела.

Постоеја и наводи дека во 1994 година нелегално се оженил со сега починатата пејачка Алаја, која тогаш имала 15 години. Но, ниту тој, ниту таа никогаш не ги потврдиле овие наводи.