
Само неколку дена откако на интернет се појави аудио снимка од разговори на премиерот Зоран Заев со руски комичари, во кои тој е убеден дека разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со сега поранешниот украински претседател Петро Порошенко, во јавноста испливаа и разговорите со косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Со Харадинај пранкерите муабетеле во јануари и во април годинава.
Во телефонски разговор објавен на YouTube, Харадинај ветува поддршка за Порошенко и вели дека ќе се моли за него на сите избори, пренесува Газета Експрес.
Медиумот пренесува дека руските комичари муабетеле и со премиерот на Македонија, кој кажал дека тој им го дал бројот од Харадинај на пранкерите.
Заев и Харадинај не се единствените кои разговарале со овие шегаџии, претходно тие муабетеле и со францускиот претседател Емануел Макрон, како и со поранешниот шеф на бртианската дипломатијаја Борис Џонсон, поранешпниот челник на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, американската дипломатка Ники Хејли, венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо, како и со неколку американски гувернери и конгресмени.
https://www.youtube.com/watch?v=GwwL1ZW0SmA