
Финецот, Валтери Ботас ќе стартува од позицијата број еден на утрешната трка за Големата награда на Велика Британција.
Возачот на Мерцедес беше најбрз во денешните квалификации и тоа пред домашниот фаворит и клупски колега Луис Хамилтон. Со ова Ботас ја прекина доминацијата на Хамилтон кој во претходните четири години ја освојуваше пол-позицијата на трката во Силверстоун.
Трето најбрзо време денеска имаше Шарл Леклер од Ферари по што следуваа Ферстапен, Гасли, Фетел, Рикиардо, Норис, Албон и Хулкенберг кој ја заокружи првата десетка.