
Четири илјади специјалци на српската полиција и армија ќе се грижат за безбедноста на францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговиот престој во Белград следната недела.
Безбедноста, протоколот и мерките ќе бидат на највисокото можно ниво. Францускиот претседател ќе го чува систем кој е наречен „непробоен дијамант“, а овој систем нуди заштита на секој агол во секој момент.
Макрон во Белград ќе пристигне во понеделник, без својата сопруга Брижит.