
Малолетно девојче е тешко повредено во петокот скопската населба Лисиче, откако додека возело велосипед на неа налетал засега неидентификуван автомобил, чиј возач без да ѝ укаже помош на настраданата побегнал од местото на несреќата, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи.
На крстосницата од улица „Горно Лисиче“ и улица „Горноврановска“ во Скопје, вчера во 14 часот се случила сообраќајна незгода во која засега непознато патничко моторно возило удрило во велосипед „Династи“, управуван од малолетничка од Скопје и го напуштил местото.
Малолетничката била пренесена во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде и била констатирана тешка телесна повреда.
Се работи на расчистување на случајот.