
Ѕвездата на популарните телевизиски серии „Вовед во анатомија“, „Ѕвездени патеки“, „Истрага на местото на злосторството“ (CSI: Miami), Стефани Низник ненадејно починала на 52-годишна возраст, пренесе во сабоатата магазинот Variety.
Актерката починала во својот дом во Енсино во Калифорнија на 23-ти јуни, а трагичната вест дури сега стасала до медиумите. Причината за смртта засега е напозната.
Родена во местото Бангор, во сојузната држава Мејн, првично имала амбиции да стане генетичар пред да дипломира на универзитетот Дјук со специјалност за театар и руски. Потоа магистрира уметност на Калифорнискиот институт за уметност, а потоа почнува со помали улоги во сериите како „Исчезнатиот син“ и „Убиството што таа го напиша“.
Најголема слава ѝ донесе улогата на Нина Фини во серијата „Евервуд“ во кој натапуваше крај Трит Вилијамс. Играше во сите четири сезони, толкувајќи го ликот на симпатичната сосетка на семејството Броун