
Еден од најдобрите европски плејмејкери, Милош Теодосиќ, во следната сезона настапува во италијанскиот шампионат и ќе ги брани боите на Виртус од Болоња.
Како што објавува „Спортандо“, српскиот репрезентативец со италијанскиот гигант ќе потпише тригодишен договор за сума од 6,5 милиони евра и со тоа ќе стане и еден од најплатените кошаркари на стариот континент
Теодосиќ кој доби отказ од ЛА Клиперс, претходно беше поврзуван со ЦСКА Москва, Макаби, како и Црвена Звезда.