
Светски познатата виолинистка Ванеса Меј која синоќа го отвори 59-тото издание на Охридско лето, денеска на социјалните мрежи сподели порака за хуманост и против насилство врз животните во Македонија.
Меј ги повика македонските институции да ја забранат слободната продажба на отрови, со цел да се спречи труењето на животните. Меј која е веган и борец за правата на животните, е згрозена од начинот на кој тие се третираат во целата држава.
„Овде сум во Македонија и навистина ме растажува кога слушам дека во земјава се случуваат масовни труења на кучиња и мачки по улиците. Ја повикувам Владата да престане со слободна продажба на отрови, затоа што тоа навистина е нехумана активност“, вели Ванеса Меј во нејзиното обраќање.
„Реалност, а не хорор филм” е насловот на нејзиното видео обраќање.
https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/336015240659254/