17.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

ДУИ го условува Заев со ветувањето Бесими да биде на чело на централната банка

Од ДУИ за весникот рекле дека очекуваат СДСМ да го почитува договорот од пред две години за именување на Бесими на чело Народната банка на Македонија, бидејќи ова беше една од точките од договорот на владејачката коалиција.

Важно е што ние не се откажавме од тоа, албански кадар, се разбира професионалец, да ја води Народната банка на Северна Македонија. Ова беше и една од точките кога се поделија ресорите заедно со СДСМ кога тие формираа владина коалиција, велат за КОХА од ДУИ.

Коха дознава дека во СДСМ запреле обидите за назначување на новиот министер задолжен за финансии, откако ДУИ го потсети премиерот за функцијата гувернер. Сега, по одлуката на Антикорупциска дека Заев не може да биде и министер за финансии и кога потписот и печатот на Министерството е во рацете на заменик-министерката Ширете Елези, премиерот размислувал за ново име со цел државниот Буџет да биде во рацете на СДСМ.

Анита Ангеловска Бежовска беше назначена за гувернер поддржана и од ВМРО-ДПМНЕ, по најавата на тогашниот претседател, Ѓорге Иванов, дека нема да ја поддржи кандидатурата на Фатмир Бесими за гувернер на НБРМ. Инаку, со формирањето на Владата, ДУИ не го криеше договорот за именување на Бесими на чело на НБРМ, а истото го има потврдено и премиерот Зоран Заев, пишува весникот.