
На подрачјето на Италија денеска, предвидени се обилни врнежи и силна бура. Временската прогноза која многумина ги изненади, беше само најава за уште постуденото време кое зафати поедини подрачја на големите надморски височини.
Таа прогноза наговестила снег, кој е невообичаен за овој период од годината.
Прогнозата била вистинита и наврнало 30 сантиметри снег на Алпите, пренесува италијанскиот метеоролошки портал 3Бметео.
Освен тоа, снег имало и на северозападот од Италија, на 2.702 метри надморска висина.
Снег наврнало и во Франција, на југоистокот од земјата, на надморска висина од 2.600 метри.