
Десетина лица се примени во болница откако се затруле на свадба во Струга. Неофицијално причината била тортата, а Агенцијата за храна и ветеринарство испитува примероци од храната за да ги утврди причините.
Гостите синоќа биле примени во болницата, со симптоми на дијареа и повраќање, но биле пуштени на домашно лекување.
Случајот ќе го испитува и Центарот за јавно здравје.