
Технички проблеми повторно го одложија почетокот на индиската мисија за истражување на Месечината предвиден за денеска, пренесуваат локалните медиуми. Како што се наведува, одложувањето е заради „мерки на претпазливост“, а новиот датум за почеток на автоматизираната мисија „Чандрајан 2″ ќе бил наскоро објавен.
Инаку, Индија е четвртата земја во светот (заедно со САД, Русија и Кина), која испратила свое летало на природниот сателит на Земјата.
Мисијата „Чандрајан 2″ е продолжение на индиската програма, „Чандрајан 1″, со која во октомври 2008 година на Месечината беше испратен првиот дел од опремата.
Индија почна да развива своја вселенска програма од 1947 година, кратко време откако стана независна држава.