Венецуелската опозиција се враќа на Барбадос на преговори со владата

Венецуелската опозиција соопшти во неделата дека нејзините претставници ќе се вратат на островот Барбадост за да ги продолжат преговорите со владата на претседателот Николас Мадуро со цел да се стави крај на политичката криза во оваа економски разорена јужноамериканска земја која ги поседува најголемите потврдени резерви на нафта на светот.

Двете страни се состанаа на карипскиот остров Барбарод минатата седмица, каде се водеа разговорите под покровителство на Норвешка, но во четвртокот се вратија на консултации.

Тимот за односи со јавноста на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој во јануари се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела по сугестија на САД, објави на Twitter дека неговата делегација ќе се врати на преговорите за да постигне промена која може да стави крај на „патењето“ на земјата.

Разговорите ќе бидат продолжени само неколку дена откако двајца од телохранителиет на Гуаидо беа уапсени поради организација и учество на пропаднатиот обид за државен удар кон крајот на јуни.

Венецуела, како последица делумно на лошата валутна и економска политика или на санкции и саботажи, ја тресе хиперинфлација, недостиг од струја и од основни продукти и од 2015 година дури четири милиони Венецеулци ја напуштиле земјата, според ОН кој наведува дека итнахуманитарна помош му е потребна на четвртина од тамошното население.

Гуаидо, кој е претседател на парламентот во кој мнозинството го има опозицијата, нејасно се повика на уставот за да се самопрогласи за привремен шеф на државата, откако реизборот на претседателот Мадуро во 2018 година го прогласи за нелегален. Мадуро, пак, тврди дека Гуаидо е марионета на САД кои со години се обидуваат да ги соборат социјалистичките влади на Венецуела.