
По кратко боледување денеска на 82 годишна возраст почина Драги Арсов, поранешен пратеник и прв потпретседател на Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Роден е во 1937 година во Кочани. Завршил Факултет за политички науки.
Драги Арсов е и еден од основачите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и потписник на Декларацијата за независност.
Арсов од 1998 до 2002 ја извршувал функцијата заменик-министер за информации.
Тој важи за еден од најчесните политичари и патриоти во независна Македонија.