Костадинов: Мицкоски е против правдата и бега од лидерска

„Со неуспешно алиби и крајна неодговорност, Христијан Мицкоски, е во нов обид да го блокира напредокот на земјата и реформите. Фокусиран на одбрана на криминалот на Никола Груевски, Мицкоски решил да не доаѓа на лидерската средба. Има забелешки за попис, а не доаѓа да разговара зошто сака земјата да остане без попис – практично ги повторува истите политики на неговиот шеф, Никола Груевски“, изјави на прес конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов“.

 

 

Тој додаде дека Мицкоски се моли избори да нема затоа што и самиот е свесен дека изборите ќе ги изгуби, исто како што ги изгуби претседателските и предвремените локални избори, во Ново Село и Охрид. „Бега од лидерска, бега од реформи. Мицкоски и штети на државата. Мицкоски работи против датум за преговори за членство во ЕУ“, посочи Костадинов.