
Премиерот Зоран Заев на прес-конференција изјави дека тој не се слушнал телефонски со Катица Јанева, пред да ѝ биде одземен мобилниот телефон во понеделникот вечерта.
Во врска со наводите во некои од медиумите дека вечерта кога се апсеа Бојан Јовановски и Зоран Милески, пред да ѝ биде одземен телефонот Јанева се слушнала со висок екс дипломат и со висок функционер од Владата, Заев рече:„ Може да прочитаме се и сешто. Не сум се слушнал со Катица Јанева. Верувам дека граѓаните може да оценат што е што, ако нешто се случило тоа можете сами да го утврдите ќе ги прашате соодветните луѓе, можете да прашате некои дипломати или поранешни дипломати. Но, Јавното обвинителство соопшти дека било во нејзиниот дом, не е извршен претрес, но и е одземен мобилниот телефон со цел да се види нејзината поврзаност или соучество со Бојан Јовановски или пак да се увиди дали таа е злоупотребена“, рече тој и додаде дека истрагата треба да покаже каква е улогата на Јанева, а сѐ додека не се докаже дека таа е инволвирана во криминал, важи пресумпцијата на невиност.