
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Магдевски ја продолжи соработката со екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Плејмејкерот минатата година дојде во клубот и остави добар впечаток, а тоа беше доволно за нов договор за нареднире две сезони. Магденвски на 26 средби во АБА2-лигата имаше просек од 4,9 поени, 2,7 скокови и 2,7 асистенции додека во домашното првенство на 34 средби просечно реализираше 8,8 поени заедно со 3,7 асистенции и 3,1 скокови.
Инаку Магдевски е играч кој играше во младите категории на Реал Мадрид и Партизан, а потоа и за првата екипа на „црно-белите“ од Белград. Тој воедно го има носено дресот и на ОКК Београд, Фени Индустри и Гостивар.