Несреќа на хрватски брод во Атлантик, две лица не даваат знаци на живот

Вчера попладне дојшло до несреќен случај на хрватскиот брод АП Дубрава во јужен Атлантик. Повредени се четири морнари, од кои двајца не даваат знаци на живот, а уште две лица се повредени, но тие се наоѓаат во стабилна состојба, пренесува Индекс хр.

– Повредени се четири морнари – тројца државјани на Хрватска и еден украински морнар. Поради тоа веднаш е побарана итна медицинска помош од бразилските власти, крајбрежната стража и морнарницата. Двајцата повредени се наоѓаат во стабилна состојба, а двајца членови на екипажот не даваат знаци на живот и покрај постојаните обиди да им се изврши реанимација – информираат од Атланската морнарница.

Командантот на бродот и останатите членови на екипажот правеле се што е во нивна можност со цел да успеат да ги извадат повредените лица од бродот, истакнуваат од Атлантската морнарница, истакнувајќи дека очекуваат и доаѓање на хеликоптер, кој поради оддалеченоста на бродот од брегот синоќа не успеал да полета.