(ВИДЕО) Руска група му ја украде песната на Тоше – “Боже чувај ја од зло„

Рок групата „Землјане” постои повеќе од четири децении на руската музичка сцена. Оваа група е мета на почитувачите на ликот и делото на Тоше Проевски откако промовираше плагијат на хитот на Тоше, “Боже чувај ја од зло„ а песната ја претстави како своја авторска.

Насловот на плагијатот е „Боже“ и истата ја промовираа на својот Јутјуб при крајот на месец февруари оваа година.

Под линкот со песната е наведен и тимот кој работел на проектот и тоа како автор на музиката е потпишан Владимир Трушин, а под текстот, кој е само преведен и прилагоден на руски јазик, како автор е потпишан Владимир Киселев. Киселев е еден од основачите на бендот во 1978 година.