
Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во академската 2018/2019 година се запишани вкупно 53 677 студенти, што претставува намалување за 5.7 % во однос на академската 2017/2018 година.
Во Република Македонија, во академската 2017/2018 година биле запишани вкупно 56 941 студент, што е намалување од 3264 студенти само во период од една година.