Изгоре едриличарскиот клуб од Струга

Во пожар што попладнево избувна на плажа во центарот на Струга, целосно изгоре хангарот на едриличарскиот клуб од Струга. На местото на настанот интервенираше професионалната противпожарна единица од Струга со две возила и 13 пожарникари.

„Пожарот е локализиран и сега работиме на целосно елиминирање. Повредени нема, но предизвикана е огромна материјална штета. – изјавија за OhridNews од противпожарната единица Струга.

Густиот чад од опожарениот објект можеше да се забележи од околните плажи, што ги вознемири посетителите.