
Партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски e победник на парламентарните избори во земјата, според првичните резултати.
Поранешниот комичар Володимир Зеленски беше избран за претседател во април, но не успеја да ги назначи министрите кои тој ги сака на функција, по што свика предвремени парламентарни избори.
Партијата на Зеленски „Слуга на народот“ е именувана по телевизиското шоу во кое тој глумеше.
Според излезните анкети втора по популарност е про руската опозициска партија „За живот“