
Американскиот Сенат го потврди во вторникот именувањето на 55-годишниот Марк Томас Еспер за министер за одбрана, ставајќи со тоа крај на досега најдолгиот период во кој Пентагон беше без прв човек/ќ
Сенатот со 90 гласови „за“ наспроти осум „против“, го избра Марк Еспер, поранешен војник и лобист на компанијата за производство на оружја Raytheon“, за втор челник на Пентагон во мандатот на претседателот Доналд Трамп.
Еспер доби силна поддршка од двете партии, и покрај остротро испрашување од демократската сенаторка Елизабет Ворен за неговите врски со „Raytheon“ и одбвинањето да даде етичка обврска која ја потпишал во 2017 година дека ќе ги избегнува одлуките кои ја вклучуваат оваа компанија. Ворен беше единствената членка на комисијата за вооружените сили на Сенатот која во текото на сослушувањето изрази противење на именувањето на Еспер.
„Raytheon“ е третата компанија според обемот на договори со војската на САД. Русија на почетокот од јули годинава објави извештај за американското кршење на Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty), во кој се тврди дека оваа воено-индустриска корпорација во градот Тусон, во сојузната држава Аризона, започнала програма за проширување и модернизација на производствените капацитети за изработка на проектили со среден и кус дострел. Во текот на изминатите две години, областа на која се простира споменатата фабрика е зголемена за 44 отсто, од 55 на 79 илјади квадратни метри, а бројот на вработените на речиси две илјади, се вели во извештајот подготвен за медиумите на брифингот на руското министерство за одбрана. Покрај тоа, како што обвинува официјална Москва, во ноември 2017 година, речиси истовремено со почетокот на проширувањето на капацитетит на фабриката во Тусон, американскиот Конгрес ја доделил првата транша од 58 милиони долари на Пентагон, директно наведувајќи „За развој на копнена ракета со среден дострел“.
Од оставката на Џим Матис ланскиот декември поради несогласувањето на претседателот Доналд Трамп, особено поради одлуката за повлекувањето на американдските војници од Сирија, САД немаа министер за одбрана. Еспер во тој период беше кусо и вршител на должноста челник на Пентагон. Многу членови на Конгресот од двете партии бараа од Трамп што поскоро да го пополни ова важно место во администрацијата на Вашингтон.