
Во Македонија нема африканска свинска чума, уверуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство, но сепак ги зголемуваат безбедносните мерки заради ширењето на оваа болест.
Воведена и забрана за увоз, но се преземаат и едукативни мерки за одгледувачите а и ја интензивира соработката со сите институции со цел состојбата да се држи под контрола.
Од Агенцијата апелираат граѓаните кои патуваат да не внесуваат во земјава храна од животинско потекло, а одгледувачите да не ги одгледуваат свињите на отворено.
Зголемените мерки, според АХВ ќе го намалат и контролираат движењето на болеста.
Болеста која за прв пат се појави во 2007 година во Казахстан, веќе е проширена во Бугарија, Романија и други држави од Источна Европа, истата не е опасна за луѓето, но го уништува добитокот.