
Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти – Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“.
Во салата беше извршено молерисување, полирање и лакирање на спортскиот терен/подот.
Тревните површини пред салата се хортикултурно уредени, збогатени се со повеќе висококвалитетни дрвја и цвеќиња.
Претходно, во истата сала подобрено беше осветлувањето и реконструирана беше стаклената конструкција. Со ова корисниците добија видно подобри услови за спортување.
Во „Независна Македонија“ се одржуваат меѓународни турнири, учениците ја користат за одигрување на училишни натпревари, а во неа се натпреваруваат и тренираат обојкарски и кошаркарски клубови од македонските лиги.