
Оваа вежба ќе ве воведе во состојба на медитација иако не сте свесни за тоа. Ќе почувствувате како вашето тело и ум тонат во мир и постигнуваат хармонија. Пет корисни ефекти од оваа вежба се : го намалува отокот во нозете, го отстранува синдомот на уморни нозе, ја подобрува дигестијата, го опушта нервниот систем, придонесува за психички мир.
Легнете на грб, со бутовите оддалечени од ѕидот 15 до 50 сантиметри. Свиткајте ги нозете во колена и потпрете се со петите на ѕидот. Доколку бедрата се наоѓаат на прав агол во однос на грбот, тогаш задникот е на правилна оддалеченост од ѕидот.
Ставете перница под главата или грбот. Би требало да ви биде многу удобно. Затворете ги очите и дишете. Ставете ја едната дланка на стомакот, а другата на срцето.
Бидете свесни за своето дишење. Вдишувајте броејќи до два, а издишувајте броејќи до четири. Задржете се во оваа положба 10 минути со затворени очи. Дишете и опуштете се.