
Со одлука на Влада на Република Северна Македонија отворен е почесен конзулат во Малта. Воедно именуван е и Метју Феник за почесен конзул .
Македонците од Малта бараат да им се објасни кој е всушност назначениот почесен конзул и што тој има придонесено македонската заедница или нашата држава.
„Би сакале да ги повториме нашите барања и заложби за отварање на амбасада или конзулат на Македонија во Малта. Бројките говорат за неопходноста од амбасада или конзулат. Амбасадорите од амбасадата во Рим која е надлежна за Малта од моментот кога ја доби надлежноста до денес ниту еднаш не огранизирале конзуларни денови (иако има потреба за истото ), телефоните се речиси постојано недостапни , а нашите граѓани се снаоѓаат кој како може со разни совети по ФБ групи .
Поради овие причини ве замолуваме наместо про-форма и непознати почесни конзули да смогнете сили и да се отвори конзулат .
На самиот крај дозволете да ве информираме дека град со име Корми не постои во Малта, веројатно мислите за Qormi и истиот се преведува ОРМИ. Почесниот козул можел да ве информира за ова“, пишува на сајтот на македонската заедница во Малта.