
Петмина повредени, од кои едно малолетно дете, е црниот биланс од сообраќајка која се случи на патниот правец А1 Велес – Скопје, после Катланово кај бензинската пумпа ОКТА, објави Слободен Печат.
Несреќата се случила околу 12:30 часот. Повреденото дете е странски државјанин и е хоспитализирано на скопските клиники.
Детето и тројца од повредените патувале со возилото со германски таблички. Нивното возило од засега непознати причини се судрило со камион.